Петар Богатиновски, македонска надеж во светскиот моторспорт

11 годишна возраст, повеќекратен картинг шампион на Македонија и Србија, повикан да вози за картинг тимот на Ралф Шумахер, безброј победи, познавање со Жан Тод. Тоа е кариерата до сега за македонскиот моторспорт талент, Петар Богатиновски.

Многумина сонуваат, малкумина ја добиваат шансата. Шансата да го живеат својот сон, во овој случај, сон на тркачки возач. Следејќи ги сите моторспорт серии, секој понекогаш замислил како би било да се вози еден Формула 1 болид, еден автомобил на Ле Ман, еден автомобил во ТЦР Европа, ДТМ и многу други тркачки серии. Не секој го достигнува тоа ниво или пак има можности да се обиде. За неколкумина, страста, желбата и напорот, овозможуваат тоа да стане реалност.

Од Македонија не е лесно да се успее на светски рамки, но Петар Богатиновски е пример за спротивното. Несомнено желбата за моторспорт доаѓа од неговиот татко, Игор, кој е познат на повеќемина на македонската моторспорт сцена. Но неговиот син, на 10 годишна возраст веќе го надминува својот татко, а кој родител не би посакал таков успех за своето дете.

2016 – Прва трка и веднаш на подиум

Петар првиот настап го има во 2016 година со полни 7 години. Се натпреварува во Белград на патеката „Ада Хуја“. На својот прв настан го освојува второто место и добива награда за најмлад учесник на трката. Покажува огромен талент со само два настапи во таа сезона. Со оглед на тоа дека започнува во вториот дел од шампионатот, Петар успева да го освои третото место во генералниот пласман.

2017 – Шампион на Србија и 23 победи

Во 2017 година, Петар учествува во 2 српски шампионати SAKS и SSKS. Во оваа сезона освојува 2 шампионски титули во двата шампионати и постигнува успех во вкупно 24 трки, каде победува со 23 трки, а на една трка се пласира на второто место.

2018 – Титулите се редат, покана од Ралф Шумахер

Во 2018 година учествува во српскиот и македонскиот шампионат, но и во CEZ (Central European Zone). Оваа година повторно постигнува успех и ја освојува шампионската титула во Србија ја освојува и шампионската титула на Македонија и вицешампионската во CEZ шампионатот. Во 2018 тестира во тимот на Ралф Шумахер (јуниор тим) во Лонато – Италија каде покажува извонредни резултати и добива понуда да стане дел од тимот, но поради недостаток на спонзорски средства, Петар не е дел од тимот на престижниот Ралф Шумахер.

2019 – Повторно шампион на Македонија

2019 е исклучително важна поради повторно освојување на македонскиот шампионат и четирите настапи на WSK шампионатот. Во WSK учествува во класата „мини“ која е за пилоти до 12 години и без никаков тренинг во неговата категорија со 106 учесници, Петар два пати успева да влезе во полуфинале.

Благодарност од редакцијата на КРУГ.МК до неговиот татко, Игор Богатиновски, како и нивната ПР агенција, Navigators, за соработката да се изработи оваа профил статија за еден неверојатен млад талент на кој му посакуваме најголеми успеси!

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ