Пирели ги предупреди возачите за Сингапур

Директорот на Пирели моторспорт, Марио Исола, ги предупреди возачите дека Сингапур ќе биде целосно различна трка од онаа пред три години кога последен пат се возеше Формула 1 на Марина Беј.

Себастијан Фетел беше последен победник кога со Ферари во 2019 година прв мина низ целта во Сингапур, а последните две години настанот беше откажан поради пандемијата. Патеката е позната како многу исцрпувачка и истоштувачка за возачите поради нејзината тежина и климата која владее.

Годинава за прв пат ќе се вози со целосно новите 18-инчни гуми на Пирели, а секако и целосно новите болиди со земјен ефект.

со 18-инчните гуми кои се целосно различена компонзиција и структура од претходние со кои се возеше таму пред три години како и со новиот асфалт за сезонава, трката ќе биде целосно различна одошто во 2019 година.

во сингапур има многу бавни кривини така што целта е да се максимизира тракцијата. одбравме да ги користиме трите најмеки компоненти за најголем грип и најголема брзина, но важно е во исто време задните гуми да се зачуваат здрави за да се зачува тракцијата – посочи исола.

Марина Беј доби асфалт пред овогодинешното издание на трката, но возачите сеуште сметаат дека асфалтот е агресивен предизвик и дека вистинскиот баланс е неопходен.

новите болиди страдаат од подуправување, така што важно е да се најде вистинскиот баланс и сетирање со доволно грип без да се жртвува забрзувањето во задниот дел.

мислам дека сингапур е многу тешка патека, сите сметаат дека уличните патеки имаат најмазен асфалт, но тој е далеку поагресивен од монако.

За претсојната трка, италијанците се решија на трите најмеки компоненти и тоа Ц5, Ц4, и Ц4.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ