Пирели за стратегијата на Ферари: Знаат што прават

Ферари направија стратешка грешка со Шарл Леклер на Унгарското Гранд При која го чинеше добар пласман моначанецот, а Марио Исола имаше што да каже во врска со проблемот во Скудерија.

Ферари водеше со Леклер во почетната серија, но кога Макс Верстапен промени гуми, италијанците се исплашија да не бидат минати преку бокс, иако Ред Бул беше доста позади нив и го внесоа Шарл на хард гуми, откако медиум компонента нова немаа на располагање.

Со најдтврдите гуми тој немаше никакви шанси против оние зад него кои лесно го минуваа, така што Ферари решија да ја признаат грешката и да влезат повторно во бокс, овој пат по софт, но и со тие гуми се мачеа.

верувам дека си имаа стратегија на ум затоа што имаат одличен тим на стртези кои знаат што прават за време на трката. веројатно имаа план, но планот не се оствари како што очекуваа.

хард гумата немаше грип споредено со петок кога беше многу потопло, а и ние не очекувавме нивото на грип да се подобри на трка поради полошите услови – откри исола.

На тркат крај Будимпешта имаше многу различни стратегии, а добитна се покажа онаа на Макс и Ред Бул. Шефот на Пирели е задоолен од варијациите во однос на стратегијата за гумите.

среќен сум што ги видовме сите три компоненти во текот на трката, така што имавме ралични стратегии. веројатно ова беше сува трка со најголем број на стратегии годинава, а имаше и многу акција на патеката, блиско тркање, претекнувањ и така натаму. ние мораме да бидеме задоволени.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ