Поради мала плата, Дан Фелоус ги одбил Ферари

Дан Фелоус одбил понуда на Скудерија Ферари во 2021 година откако останал незадоволен од понудената плата, а според италијанските медиуми, персонал од Ред Бул континуирано одбива трансфер во Маранело.

Фелоус беше долгогодишен инженер на Ред Бул пред да мине во Астон Мартин пред две години, а Gazzetta dello Sport пренесува дека тој за малку ќе отидел во Ферари.

преговорите биле во напредна фаза и веќе имало начелен договор со него. но, се се распаднало затоа што ферари не се согласувале со неговите финансиски барања – пишува Gazzetta dello Sport.

Истиот натпис вели и дека Енрико Балбо и Пјер Ваче, двајца клучни инженери во Милтон Кинс, исто така одбиле понуди од Ферари, а со оглед на тоа што Скудерија го губи Лорен Мекиес, Фред Васур е во потрага по силни инженери.

јасно е дека целта се инженери од ред бул, но обидот да се донесат не е успешен. многуте потреси на чело на екипата во текот на последнинте неколку години не им даваат сигурност на оние кои добиваат понуди за трансфер.

Наместо тоа, Ферари мора да се задоволи со инженери од среден ранг, но сите тие не смеат веднаш да почнат да работат во Маранело и ќе мора да отслужат задолжителна пауза.

Главниот за концептот на болидот, Давид Санчез, направи трансфер во Меларен на почетокот од годинава, но ќе смее да почне да работи од следната сезона.

Во моментов, Енрико Кардиле е шеф на одделот за шасии, Диего Тонди е одговорен за аеродинамиката, Енрико Гуалтиери е шеф на одделот за мотори додека Фабио Монтеки е главен дизајнер.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ