Поранешниот шеф на Катерхам обвинет за поткуп

Поранешниот шеф на пропаднатиот Формула 1 тим Катерхам, Тони Фернандес, е во центарот на скандал за поткупување во кој е вклучен производителот на авиони Ербас, но самиот тој демантираше дека нешто погрешил.

ЕрАзија, компанијата која половина беше во сопственост на Фернандес е една од неколкуте авио-компнии кои биле прозвани во случајот против ЕрБас пред Британскиот Суд за сериозен поткуп. Истрагата се одвива насекаде низ светот, во Британија, Америка и Франција, како и во Аиа во државите Малезија Шри Ланка, Тајван, Индонезија и африканска Гана. Како резултат на тоа Ербас се соочува со можна казна од 3,5 милијарди евра преку договори за спогодба,

Се вервуа дека спонзорскиот договор на КАтерхам со ЕАДС, компанијата мајка на Ербас, било клучно во нарачката на ЕрАзија на авиони од компанијата за да ја извршува својата дејност. Малезиската компанија користи исклучиво Ербас авиони.

Од ЕрАзија потврдија дека Главниот извршен директор, Фернандес како и Изршниот претседател, Датум Камарудин, се повлекле од своите функции веќе две години додека истрагата не заврши, а остануваат во компанијата како советници, без никакви извршни овластувања.

Двајцата категорично демантираат било каква вмешаност во поткуп и било каква грешка од нива страна како директори на ЕрАзија.

катерхам формула 1 бее компанија која беше спонзорирана од ербас и во тоа време како формула 1 тркачки тим низ светот ги промовирше еразија, еразија икс и ербас. во тој период ние бевме акционери во катерхам, но тимот не правеше профит и проддовме тимот за една фунта во 2014 година. од почеток до крај тоа беше чист обид за брендирање и промоција без никаква надеж за голем профит – изјавуваат од еразија.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ