Проблем со сензорот довел до казната на Леклер

Ферари открија дека откажан сенор кој бил во дефект поради заглавениот слој од нечија кацига во сопирачката на Шарл Леклер, довел до нереќната казна за возачот на Ферари поради пречекорување на брзината во боксот.

Моначанецот доби казна од 5 секунди на своето време по крајот на трката откако ја пречекорил максимлано дозвоелната брзина за возење низ боксот откако во 42от круг се реши да промени гуми и д го брка најбрзиот круг. Со таа казна тој загуби позиција од Фернандо Алонсо и заврши на 6то место, притоа неуспевајќи да стигне ни до најбрзиот круг кој му припадна на Верстапен.

Скудерија донесе одлука да монтира софт за последните два кругови кај него за да добијат дополниелен поен за најбрз круг кој може да му користи при борбата за насловот до крајот на годината.

Шарл веднаш ја превзема вината за пребрзото возење пред боксовите, но Матиа Биното откри дека еден сензор откажал поради заглавената нечисттија кај предниот десен сопирачки систем, така што системот за мерење на брзината покажувал неточни податоци.

одлуката да го повлечеме шарл по нови гуми и да се обидеме да поставиме најбрз круг беше навистина многу, многу на самата граница.

не ги користевме вообичаените сензори за мерење на брзината затоа што откажаа оние поставени на предното десно тркало како резултат на прегревањето на еден остаток од визирот на кацигата на макс, а нашиот резервен систем за таа намена очигледно не беше исто толку прецизен.

бевме во несреќна ситуација затоа што одлучивме да промениме гуми и превземавме храбра одлука да одиме на најбрз круг иако немавме совршени услови за тоа – посочи биното.

Стјуардите открија дека предвидените максимални 80 кмч брзина пред боксот била пречекорена од страна на Леклер за само 1 кмч што значи казна од пет секунди додадено време. Тоа значеше уште една грешка и пех како за тимот така и за возачот, по што надежта за наслов е се подалеку, а моначанецот заостанува цели 98 поени зад Верстапен.

И покрај се, Биното смета дека одлуката да се внесе Шарл по нови гуми и тој да се обиде да постави најбрз круг била исправна и вистинска.

ни се укажа можност да одием на најбрз круг, а фернандо беше многу блиску, но се одлучивме да се обидеме. мислам дека донесовме вистинска одлука иако тоа што бевме преблиску до фернандо и казната од боксот на крајот ни загуби позиција.

знаевме дека иако загубивме позиција можевме да го претекнеме поради посвежите гуми, дрс системот и предолгиот правец кемел. повторно мислам дека донесовме вистинска одлука.

Сезонава Ферари мака мачи со стратегијата, а во Спа, следејќи го тимското радио, Леклер имаше милион прашања од својот инженер. Сепак, тимскиот шеф не смета дека стратегијата треба да се менува.

јасно е дека секогаш има потреба за подобрување и учење што ние и го правиме. но, ако ја видие цела сезона, има грешна перцепција од надвор одошто во тимот. понекогаш се смета дека грешиме, но ако се анализираат сите податоци тоа не се грешки.

ако ја анализираме денешната трка, ако се фокусираме на денеска, да се промени кај шарл на два круга пред крајот беше вистинска и храбра одлука.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ