Промени во Мерцедес, Алисон и Елиот си ги променија позициите

Во Мерцедес се случија големи промени во највисокиот технички персонал, по што Џејмс Алисон и Мајк Елиот си ги заменија позициите.

Промената е дел од поголема низа промени во екипата со цел да се врати тимот на победничките патеки на чело на гридот, така што Џејмс Алисон повторно ќе биде технички шеф како претходно, додека Елиот ќе го превземе неговото место на Главен технички директор. Ова доаѓа само 20 месеци откако Алисон беше унапреден на улогата која до вчера ја извршуваше и му беше дадена шанса на Елиот да се докаже, но по се излгеда не успеал да ги оправда очекувањата.

Откако екипата има повторно тежок почеток на сезоната, самиот Елиот побарал да ги сменат работните места со Алисон за добро на екипата.

сето ова е инспирирано од мајк елиот, така што ќе ги променат улогите, мајк ќе стане главен технички директор затоа што има брилијатентен научен ум, додека џејмс алисон ќе се врати да го работи она што и преходно многу успешно го работеше, да биде технички шеф и да му одговара на мајк – откри тото волф.

Досегашната улога на Алисон подразбираше само три денови неделна работа, Елиот ќе има полно работно време. Тото дополни дека самиот Елиот верувал дека Алисон е могу подобар избор за улогата на технички шеф каде мора директно да се биде вклучен во секојдневното работење над болидот, а за него ќе биде предност да се фокусира на целокупната организација.

во џејмс имаме вистински гладиатор кој со своите трупи ќе направи се за да дојде до успех. мајк самиот заклучил дека начинот на кој тој пристапува на работите и неговит евештини, најдобро ќе бидат искористени во развој на организацијата во иднина со техничките и човечки способности кои ги има може многу добро да ја постави структурата.

се работи за креирање на структура која може да биде одржлива во иднина. гледаме големи промени во техничктие оддели, се појавува вештачка интелигенција и мачини кои учат. во исто време, бараме начин како може да функционира модерен формула 1 тимо, кои иновации може да се донесат.

мајк се гледа себе најдобро на таа функција затоа што е супер способен инженер кој може да ја промени организацијата, ќе биде тренер и спраринг партнер на целокупниот врвен персонал. среќен сум што тој сам ја донесе оваа одлука да ја смени својата улога, а исто така што и џемјс го заклучил истото затоа што двајцата се генијалци.

Освен ротацијата на Алисон и Елиот, Мерцеес има и други промени кај највисокиот персонал за подобро да се адаптираат на ограничениот буџет.

џон овен како директор на дизајн на болидот има многу поинаков опис на работното место во работата со ограничен буџет затоа што паралелно со дизајнирање на болидот може да имате куп друга дополнителна работа паралелно со тоа. она што се случи е дека главниот дизајнер стана администратор за следење на буџетот.

поради тоа ќе ја поделиме таа улога, џон ќе остане главен дизајнер, но џакомо тортора ќе биде директор на инженерингот. тоа значи дека џон ќе се концентрира на специфични области во дизајнот на болидот, а џакомо ќе се грижи за канцелариајта за дизајн и развојот на тој организациски дел.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ