Разочаран од Рено, Њуи за влакно ќе завршел во Ферари

Поради огромниот заостаток кој Рено го имал во однос на Мерцедес на почетокот на турбо хибридната ера, Адриан Њуи за малку ќе заминел од Ред Бул и ќе минел во славниот Ферари.

Славниот инженер создаде шампионски болиди за Вилијамс, Мекларен и Ред Бул и долго време се шпекулираше дека го сакаат и во Маранело. Последниот обид на Скудерија да го земе кај себе Адриан бил во 2014 година кога “биковите“ беа поразени од Мерцедес за титула.

Тој во свое интервју ја има споменато “смешно огромната“ финансиска понуда која ја добил од италијнците што било повеќе од двојно од платата која ја земал во Милтон Кинс по што сериозно размислил за истата. Причината за колебливоста не бил Ред Бул туку слабите Рено кои не почнаа добро во турбо хибридната ера.

бев навистина многу збунет и разочаран од целата тогашна ситуација да бидам искрен и за малку ќе направев трансфер од ферари, но повеќе од се бев среќен во ред бул и не сакав да менувам екипи. единствено нешто што ме натера да помислам на друга екипа беше лошиот и неконкурентен мотор кој тогаш го имавме.

работевме до производител кој повеќе беше заинтересиран за маркетиншкиот дел од своето учество во спортот одошто за перформансите и станавме неконкурентени. 

кога имате партнер кој ви дава мотор кој е под ниво на конкурентите и не покажува желба за напредок и подобрување, мора да го прифатите тоа. тие не признаваа и не беа заинтересирани да променат нешто и тоа донесе да загубам мотивација иако сеуште уживав во формула 1 – откри њуи.

На крајот, британецот одлучил да не менува екипи и остан во Ред Бул иако доби ментална пауза и работеше на други проекти во кои компанијата за производтво на енергетски пијалоци беше вклучена како Америка Куп трките со едреници и Валкири хипер автомобилот развиван заедно со Астон Мартин.

не сакав да менувам екипи и тогаш дојде одличен проек за патнички хипер автомобил. тоа ме задржи мотивиран и фокусиран некое време додека го потпишавме договото со хонда што беше добар партнер иако во тоа време и тие не беа н врвно ниво, но дефинитивно имаа огромна мотивација да ги променат работите.

Поради своите 63 години, тој беше запрашан дали размислува да прекине со Формула 1.

тоа е одлично прашање, но јас уживам во дизајнирањето во комбинација на толку голема конкреунција и уживам во работа под притисок. имам 63 години и сигурно дека ако престанам да работам веднаш ќе ми стане зодевно. имам хоби, репарирам мотори, тоа многу го сакам и тоа ме држи зафатен неко време, но ако константно го правам тоа и од тоа ќе ми здосади.

можеби ќе се обидам со некаква позиција кога ќе ги надгледувам работите, нешто што мислам дека рори брн го прави во ферари во моментов што е убава работа и позитивно допринесува.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ