Ралф: Очигледно е дека Макс сака нов колега

Поранешниот Формула 1 возач, Ралф Шумахер, тврди дека е очигледно оти Макс Верстапен сака да има нов партнер во Ред Бул, нов тимски колега.

Мексиканецот Серхио Перез му е партнер на двократниот и актуелен првак од почетокот на 2021 година, но лани почнаа да се гледаат тензии помеѓу двајцата возачи. Бразилското Гранд При беше трката каде Макс веше пропуштен од Чеко, но не му ја врати позицијата откако не успеа да напредне, иако Перез се бореше за 2то место во возачкиот поредок со Шарл Леклер.

Перез има уште посилна сезона годинава споредено со претходно, победи два пати, исто како и Верстапен, така што во моментов заостанува само 6 поени зад него во возачкиот поредок. Договорот на мексиканецот истекува на крајот од следната сезона, а Ралф е сигурен дека ќе има нов возач во тимот.

од моја гледна точка, јасно е дека верстапен сака нов колега, а тие гласини ги слушам секаде. гледам проблем и во тоа што перез знае дека неговото време во ред бул ќе заврши и поради тоа дава се од себе да ја искористи шансата да биде напред, да освои титула.

колегата ви е секогаш најголем конкурент, а којзнае какви можности ќе има подоцна. погледнете кај луис хамилтон како се движат работите.

поради тоа серхио станува посебичен во однос на макс, а макс не смее да се жали затоа што тој е крал на себичноста. тој е број еден во тимот, јасно си ја обележува територијата, а да се биде негов колега никогаш не било лесно – смета шумахер.

Холанѓанецот има долгогодишен договор со тимот од Милтон Кинс кој го обврзува на верност до крајот на 2028 година, а Ралф смета дека е во најдобар интерес на тимот да се ослободи од Перез доколку тензиите помеѓу нив ескалираат.

ако продолжат проблемите помеѓу верстапен и перез, тоа значи дека мексиканецот ќе го напушти тимот. ако детално анализирате, тие не се сложуваат и ако во екипата има возачи кои не се сложуваат, тоа е голем проблем.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ