Шумахер: Сè уште не сте го виделе вистинскиот Мик!

Шумахер се надева на враќање со полно работно време на Формула 1 гридот во блиска иднина.

Мик Шумахер тврди дека падокот во Формула 1 сè уште не го видел вистинскиот “Мик“ додека тој се обидува да се врати на гридот.

Шумахер помина две сезони во тимот на Хаас, но беше отпуштен пред тековната сезона.

Мандатот на Германецот со американската екипа беше нарушен со неколку несреќи од висок профил, вклучително и големи излети минатата година во Саудиска Арабија и Монако.

Кон крајот на минатата сезона, Хаас се одлучи да го ангажира Нико Хулкенберг на негово место откако решија да го фаворизираат искуството пред младоста.

Шумахер најде улога во Мерцедес и моментално работи како нивен резервен возач, извршувајќи клучни должности на симулатор за да му помогне на тимот да закрепне кон предниот дел на гридот.

Додека тој е принуден да се справи со тоа што е на страна, 24 годишниот возач увери дека сè уште не ги покажал своите најдобри способности во Ф1.

Јас сум возач и се што сакам е да победувам, но морам да бидам реален и да продолжам – изјави Мик.

Сè уште не сте го виделе вистинскиот Мик.

Тимскиот шеф на Мерцедес, Тото Волф, веќе потврди дека наоѓањето на место за Шумахер на гридот ќе биде тешка задача за следната година.

Но, шампионот во Формула 2 од 2020 година не ја губи надежта дека би можел да се најде во трка следната сезона или понатаму.

Видовме во последните две, три години дека сè може да се промени, дури и ако има договори – рече тој.

Значи, откажувањето од надежта е погрешно. Надежта е последното нешто што ќе исчезне.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ