Ралф смета дека Чеко треба да го напушти Ред Бул

Поранешниот Формула 1 возач и побендик на трки, Ралф Шумахер, смета дека мексиканецот Серхио Перез треба да ја напушти екипата на Ред Бул, поради тензиите со колегата.

Двократниот првак, Верстапен, е човекот околу кој е граден тимот откако тој направи трансфер од Торо Росо во Милтон Кинс во 2016 година. Пјер Гасли и Алекс Албон му беа колеги и двајцата се мачеа против него, а потоа беше донесен Перез, искусен возач со ија помош беше детронизиран Мерцедес, тимот освои наслов лани, а Верстапен последните две години.

Екипата победи на сите трки годинава, три пати тоа беше на убедлив 1-2 начин, но тензиите се покажаа лани во Бразил кога Верстапен не сакаше да го пропушти Перез, иако титулата му беше освоена, а на мексиканецот му требаа поени поради борбата со Леклер за 2ро место кај возачите.

серхио беше силен во азебејџан и покажа дека има огреомен потенцијал да биде побрз од макс. но, во однос на борбата за титула, нема константност за да му парира на верстапен, а прави и грешки когае под притисок, а често и не е среќен и задоволен со болидот. верстапен не прави грешки и гледано целосезонски е подобар возач.

има доста гласини во падокот за иднината на серхио, ред бул имаат опција, го имаат и јуки тсунода, го имаат даниел рикардо, а достапни им се и доста други возачи.

ако макс и серхио продолжат со проблемите, тогаш мислам дека е логично мексиканецот да си замине. ако добро погледнете, ќе видите дека не се сложуваат многу добро, а тоа може да биде и негативно по екипата – заврши ралф.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ