Расел е оптимист за шансите во Сингапур

Откако неговиот колега Луис Хамилтон беше најбрз на првиот тренинг, Џорџ Расел е оптимист дека Мерцедес може да се борат за пол позиција. 

На вториот тренинг се мачеа против брзиот Ферари, но сепак Расел верува дека ќе најдат доста време за да бидат конкурентни на квалификациите. 

Сеуште има доста работа. Патеката е нерамна и сите се мачат. Знаеме која е слаба точка на болидот. Гумите се осетливи и Мора се да се погоди се за да имаме добри квалификации – свесен е младиот британец.

Патеката Марина Беј доби нов асфалт кај свиоците број 5 и 6, преку мостот посвиокот број 12 и 13 и помеѓу кривините број 14 и 20. Расел е изненаден од грипот и верува дека тој ќе се зголеми и ќе биде клучен на квалификациите. 

Импресиониран сум од грипот. Патеката има нов асфалт и има доста грип. Штета е што ова не беше порано направено. Мислам дека патека ќе биде се подобра. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ