Расел збунет по елиминацијата во квалификациите

Џорџ Расел го изрази своето разочарување откако беше елиминиран од квалификациите во средниот сегмент поради небалансирано управување на болидот што го измачуваше цел викенд.

Британскиот возач ќе стартува од 11то место на трката во Сингапур што ќе биде негов прв настап во долната половина на гридот по Големата Награда на Мајами претходно во сезоната.

Се борев со нешто поврзано со сопирачките и моторот во Т1, ме туркаше во свиоци и се чувствував како да имам гас додека поминував низ нив. немав гас и не е тоа прашањето, но тоа беше некакво чувство како болидот да ме турка насекаде.

Срамота е, мислам дека немаше да бидеме многу подобри затоа што мислам дека немаше да успееме да го решиме проблемот. Веќе видовме некои индикации во податоците и Навистина е фрустрирачки – незадоволен е британецот од мерцедес.

Тимскиот колега од Мерцедес, Луис Хамилтон го обезбеди својот најдобар квалификациски резултат во сезоната и седумкратниот шампион ќе стартува зад Шарл Леклер и Серхио Перез на третото место.

На прашањето дали проблемот на неговиот W13 ќе биде поправен за утрешната трка и дали резултатот на Хамилтон е охрабрувачки за него и за тимот, Расел одговори:

Се надевам дека е така. Дефинитивно треба да направиме нешто.

Очигледно е навистина разочарувачки за мене и за целиот тим. Болидот овде изгледаше силно и очигледно Луис беше навистина, навистина брз, но едноставно не можев да го доведам да работи.

Дефинитивно е охрабрувачки викенд, но охрабрувањето не значи ништо кога не освојувате поени и на крајот ова е патека каде квалификациите се најважни.

За среќа, деградацијата изгледа прилично висока и Утре би можело да биде трка со две застанувања, но штета е да не бидеме напред и да се бориме за она за што заслужуваме да се бориме во првите три.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ