Расел и Хамилтон: Заостануваме повеќе од очекуваното

Возачите на Мерцедес, Џорџ Расел и Луис Хамилтон, сметаат дека тимот е подалеку од очекуваното темпо за трката за Големата Награда на Франција викендов.

Мерцедес ја посочи патеката Пол Рикар како патека што треба да одговара на нивниот W13 болид, но беа цврсто пласирани на трето место по завршувањето на петочните тренинзи. Џорџ Расел беше четврти во поредокот, три четвртини од секундата позади лидерот Карлос Саинз, додека Луис Хамилтон заврши речиси една секунда зад возачот на Ферари.

Веројатно бевме малку подалеку од темпото денес отколку што се надевавме – рече Расел.

Мислам дека нашето темпо со голема количина на гориво беше веројатно подобро од тоа со ниско ниво на гориво.

Треба да се погрижиме да го оптимизираме утрешниот ден за да се осигураме дека нема болиди од средниот ред меѓу нас и предната четворка, а потоа да видиме како ќе поминеме во недела.

Хамилтон, кој паузираше на првата сесија додека Ник де Врис го возеше неговиот болид, верува дека на Мерцедес му недостасува нешто секаде и во секој свиок.

Мислам дека ќе морам да анализирам длабоко во податоците, но едноставно сметаме дека ни недостасува потисна сила.

Хамилтон додаде дека Мерцедес се надева дека ќе се бори за четврто и петто место, но тоа не значи дека не може да застанат на подиумот.

Сè уште можеме да бидеме на висока позиција,  но не сме толку брзи како оние пред нас и сме малку поназад отколку на последната трка.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ