Расел и Хамилтон со свое мислење за шансите во Сингапур

Луис Хамилтон и Џорџ Расел се скептици за трката во Сингапур околу шансите да дојдат до првата победа оваа сезона. 

Од почетокот на сезоната возачите на Мерцедес се мачат со потскокнувањето, но во последно време  успеваат да стигнат понапред и да ја намалат разликата со Ред Бул и Ферари. ’Сребрените стрели’ сеуште намаат победа оваа сезона. 

Мора да сме реални, Ред Бул се непобедливи. Мора многу да се направи за да стигнеме до нив. Не сме ги стигнале ни со перформанси ни со надградби, но ќе треба многу пари за да ги стигнеме. Не е невозможно бидејќи имавме шанса на Зандворт и во Будимпешта – изјави Хамилтон.

Расел смета дека ќе биде тешко Мерцедес да победи во Сингапур поради проблемите кои ги има болидот на ваквите улични патеки. 

Мислам дека на хартија ни одговара болидот, но на уличните патеки не поминавме добро. Не сум сигурен колку ќе заостанеме, Но ќе дадеме се од себе да напредуваме бидејќи имаме јасна насока каде сакаме да одиме – вели расел.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ