Ред Бул забраниле снимка на Хорнер за Drive to Survive

Кристијан Хорнер објави дека тимот искористил вето за да спречи емитување на срамна снимка и коментари од падокот за време на снимањето на Drive to Survive.

Британецот најчесто ја поддржуваше серијата на Нетфликс, но има неколку моменти во текот на петте сезони кои морал да ги спречи да не се емитуваат.

Серијата на моменти е како Кардашијан на тркала – смета британскиот шеф на шампионската екипа.

Тој изјави дека неколку снимки од серијата се покажале како штетни за тимот.

Мора да се сетиме дека тоа е ТВ шоу. Се снимаат многу часови, но Проблемот е дека се заборава дека микрофонот е присутен и подоцна ни ги праќаат снимките. Тогаш се чудиме што сме кажале.

Макс Верстапен се повлече од учество за време на сезоната 2022 и го обвини шоуто за лажни приказни и судири помеѓу возачите.  

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ