Ред Бул загрижени, новините на Ферари се подобри од очекуваното

Доктор Хелмут Марко, Советникот за моторспорт на Ред Бул, е свесен дека новините кои Ферари ги носат на својот болид испорачуваат повеќе перформанси од првично очекуваното.

Годинешната борба за титула се води помеѓу Ферари и Ред Бул, иако согласно поредокот, “биковите“ имаат доста голема предност од 82 поени, додека Верстапен има 63 поени предност во однос на Леклер. Ф1-75 е многу брз пакет, но италијанците се мачат да профитираат од тоа, имаат технички проблеми со одражливоста, прават стратешки грешки, а и самите возачите грешка, така што то е главната причина за нивни заостаток.

Германски Auto Motor und Sport пренесува дека со секој нов дел на својот болид, Ферари станува се побрзо, за разлика од Ре Бул.

изгледа ферари повеќе напредуваат со своите новини одошто ред бул кои константно нешто прилагодуваат под болидот. ферари имаат нов под кој се чини дека им носи многу повеќе одошто тоа се виде на дебито – се вели во германскиот весник.

Марко го посочи кругот на Карлос Саинз во средниот квалификациски сегмент на Пол Рикар како доказ за страшната брзина која италијанскиот болид ја има. Времето на шпанецот од 1:31:081 беше фентастични девет десетинки побрзо од она на Верстапен, кој иако се подобри во К3, Леклер тогаш стана уште побрз.

саинз постави време на квалификациите кое беше лудо и тогаш бевме речиси секунда побавни од него. тогаш се подзамисливме колку често може да вадат такви времиња – посочи марко.

По Гранд При трката во Франција, Верстапен посочи дека ништо не е готово во однос на титулите и дека следуват трки на кои Ред Бул веројатно ќе се мачат како следната на Хунгароринг.

во будимпешта ќе бидат многу поврзи од нас – посочи холанѓанецот.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ