Ред Бул: Перез не е научен да го вознемирува Хамилтон

Од Ред Бул изјавија дека нивната одлука за долгата прва серија на Серхио Перез е поради тоа што сакале да му ја пореметат трката на Луис Хамилтон. 

Перез на почетокот на трката беше на 4та позиција, но не ја следеше стратегијата на трите болиди пред него. Макс Верстапен извозе 35 кругови со стартните медиум пред да влезе во боксот, додека Перез влезе во 51от круг откако Хамилтон го престигна на правецот. Една од причините било да го задржат Перез на патеката за да му помогнат на Верстапен во борбата со Хамилтон, а Кристијан Хорнер го објасни ова:

Бевме фокусирани да ставиме софт гуми за да се обидеме да го освоиме поенот за најбрз круг. Затоа остана толку долго на патеката.

Софт гумите не траат долго и не смеевме да ги користиме многу. Серхио имаше добра позиција, но не беше во можност да ги следи болидите пред него И си рековме да се обидеме да го освоиме поенот за најбрз круг.

Перез се обиде да го направи тоа, но не успеа бидејќи имаше послабо темпо така што третопласираниот Ботас се обиде и освои поен за најбрз круг. 

Серхио беше првиот кој се обиде, но Валтери веднаш одговори. Си рековме добро, ќе се обидеме со Макс. Имавме извонредно менување, но поради границите на патеката не успеавме. 

Хорнер е сигурен дека Перез брзо ќе напредуваи е во се подобра форма. 

Мислам дека е близу. Тука беше тешко поради ветерот, но гледаме дека е добар на трки и на чист воздубх. Тој го стигна Ландо и беше одличен. Среќни сме со напредокот и мислам дека брзо ќе напредува, Брзо ќе се вдоми во екипата.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ