Ред Бул планирале Верстапен да го повлече Перез на квалификациите

Ред Бул планирале Макс Верстапен да го повлече Серхио Перез два пати во текот на квалификациите, но тоа било откажано по проблемите со болидот во последниот дел од квалификациите. 

Една недела по контроверзите од трката во Бразил, тимот се потруди да ги среди односите и Версапен да му помогне на Перез на квалификациите. 

На стартот на К3, Верстапен ја тресеше главата во боксот кога Перез прашуваше за проблемот на холанѓанецот што на крај излезе дека моторот му се изгаснал неочекувано пред болидот да биде рестартуван без проблеми. 

Пред почетокот на викендот, го прашавме Чеко дали сака да биде напред или позади. ТОј избра позади и тоа беше дел од квалификациите.

Тоа беше планирано пред првото излегување и не излезе според планот па моравме да пробаме втор пат – откри кристијан хорнер, шефот на екипата.

Версатапен беше пред Перез во својот единствен обид, а мексиканецот мораше повторно да излезе за да го подобри времето. 

Да, секако, тоа ми помогна. Мислам дека добро работевме како тим. Тоа што ќе го добиеш, го губиш во третиот сектор, но генерално тоа е позитивна работа.

Имав добра сесија, Бев подобар од К2 и помалку заостанував. Ниту еден круг не го комплетирав без грешка и не можев да стигнам до пол. Сепак прв ред е одличен резултат во ваков викенд – задоволен е перез.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ