Ред Бул се надеваат дека победата ќе го мотивира Перез

Од Ред Бул се надеваат дека триумфот на Серхио Перез во Сингапур ќе му даде голема самодоверба сезонава поради фактот што минуваше низ неколку тешки трки во последно време.

Мексиканецот стигна до фантастичен триумф на Марина Беј во Сингапур задржувајќи го агресивниот Шарл Леклер на Ферари зад себе и стигна до својата прва победа од Монако во Мај, а триумфираше со доволна предност за да ни казна од 5 секунди по трка не му го одземе триуфот.

Во последно време тој мака мачеше да се носи со перформансите на колегата Верстапен и имаше само еден подиум по крајот на летната пауза, второто место во Белгија. 

чеко секогаш е феноменален на улични патеки, се чини ги сака лизгавите улични патеки и работевме напорно на сетирањето со него. мислам дека ова ќе му помогне и ќе му ја врати вербата во болидот до крајот на сезоната – посочи кристијан хорнер, шефот на екипата.

Чеко отворено зборуваше дека развојот на РБ18 годинава не му одговара и дека не се чувствува удобно додека вози како што одминуваа трките, признавајќи дека резултатите не се онакви какви што ги очекуваше.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ