Ред Бул се подготвуваат за повлекувањето нa Њуи

Адриан Њуи е клучниот човек во успесите за Ред Бул каде работи од 2006 година, но во Милтон Кинс се свесни дека еден ден тој ќе се повлече од спортот.

Кристијан Хорнер призна дека во тимот се разговара и се прават подготовки за денот кога славниот британски дизајнер ќе реши да се повлече. Од 2010 до 2013 година Њуи дизајнираше болиди кои освоија двоен наслов исто како и оваа година, а лани освои само возачка титула.

Адриан ќе наполни 65 години месецов и иако е вклучен во многу проекти во Ред Бул, јасно е дека е блиску до крајот на својата блескава кариера.

секако дека размислуваме на тоа и разговараме за иднината без него веќе некое време. улогата на адриан како главен технички директор еволуираше така што тој беше многу вклучен во нашиот оддел за напредни технологии како и развојот на рб17 хипер автомобилот.

неговото работно време е поделено низ различни наши проекти и тоа ги приморува и останатите инженери повеќе да се вклучат. го имаме техничкиот директор пиер ваче и неговиот технички тим и тие вршат фантастична работа. адриан работи непосредно и секојдневно со нив.

адриан е жива енциклопедија полна со знаење и убаво е да се види каква сила и длабочина дава на нашиот технички оддел – вели хорнер.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ