Рено, Ферари и Мекларен со жалба за одлуката на ФИА

Екипата на Рено се приклучи на Ферари и Мекларен во намерата да поднесат жалба против одлуката и казната на ФИА кон Рејсинг Поинт околу дизајнот на отворите за ладење на сопирачките.

По повеќе протести од страна на Рено на последните 3 трки околу легалноста на болидот на Рејсинг Поинт, стјуардите ја донесоа својата одлука во Петок наутро. Рејсинг Поинт беа казнети со 400,000 долари и 15 поени во генералниот пласман. 

Матиа Биното истакна дека тимот внимателно ќе ја разгледа одлуката на стјуардите и ќе размислат околу следен чекор имајќи го предвид периодот од 24 часа за жалба. 

Може да потврдиме дека ќе се жалиме против одлуката на ФИА за Рејсинг Поинт. Не се согласуваме ниту со процесот, ниту со концептот. Сметаме дека правилата се доволно јасни. Сметаме дека има прекршување на правилата, а за тоа постои процес. Но моментално, гледаме напред и мора да добиеме појаснување.

Не сметам дека одлуката е доволна, бидејќи се сведува само на отворите на сопирачките, а не за целиот концептот. Како што кажа Зек Браун, тоа е само почетокот, но треба да се дискутира за многу повеќе – изјави Биното.

Од екипата на Мекларен потврдија дека и тие ќе поднесат иста жалба. Според извори, Рено исто така ја известиле ФИА околу намерата да поднесат жалба за одлуката, иако сеуште не споделиле официјално.

Со истакнување на своите намери, Рено, Ферари и Мекларен сега имаат 96 часа формално да ја поднесат жалбата пред ФИА. И други екипи размислуваат околу жалба, додека Рејсинг Поинт смета дека одлуката е чудна.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ