Рикардо нема да ги следи сите 24 трки догодина

Австралијанецот Даниел Рикардо нема да биде присутен на сите 24 трки наредната сезона во најобемниот календар во историјата на тркачката серија.

Ова беше потврдено од Ред Бул откако се појавија шпекулации дека тој може да вози на некоја трка, но сепак, неговата улога ќе биде само во тестирање, маркетинг и симулатор. 

Даниел ќе ни даде шанса да го распределиме развојот на болидот и тој ќе му помогне на тимот со своето искуство и знаење кое го има за Формула 1 – објасни Кристијан Хорнер. 

Сепак, таа улога нема да го носи на сите трки на најдолгиот календар во историјата на Формула 1. 

Нема да бидам на сите 24 трки, сеуште ќе бидам на гридот. Јасен бев дека ми треба време да се одморам. Мислам дека изминатите години ме истоштија. Ќе ми треба време да се вратам – откри дани.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ