Рикардо не жали што го избрал Мекларен

Даниел Рикардо откри дека не жали за ништо во врска со својот избор да вози за Мекларен иако предвреме го завршува престојот во Вокинг, по само две години со екипата.

Двете страни вчера потврдија дека взаемно се договориле да ја прекинат соработката по крајот на оваа година, откако првичниот договор имаше валидност до крајот на следната сезона. Австралијанецот откри дека одлуката дошла по неколумесечни преговори со шефовите Зек Браун и Андреас Сеидл.

ми беше чест и задоволство да бидам дел од мекларен рејсинг последните две години, но по неколкумесечни разгоори со зек и андреас, решивме да го прекинеме договорот порано и да се разделиме по крајот на сезоната.

моите идни планови наскоро ќе ги објавам и официјално ќе потврдам што ќе правам во иднина. не жалам за ништо, горд сум на тоа што го сработев со мекларен, особено ланската победа на монца. уживав да работам со сите во тимот како на патеката така и во фабриката и ќе дадам се од себе во остатокот од сезоната.

никогаш не сум бил повеќе мотивиран да се тркам во формула 1 од сега и нетрпелив сум да видам што ќе ми донесе иднината – посочи рикардо

Потврдата до двете страни доаѓа по неколкумесечни шпекулации во врска со желбата ба тимот да го сместат Оскар Пиастри во болидот догодина.

Главниот извршен директор на тимот, Зек Браун, се сложува со коментарите на својот возач, потенцирајќи дека двете страни се надевале на подобар краен исход.

даниел беше одлично дополнување на мекларен и задоволство е да се работи со него. сакам да му заблагодарем за се што направи за нас минатите две години, како на патеката, така и надвор од неа.

не е тајна дека се надеавме на повеќе, а гледајќи како стои на највисокото скалило на подиумот во монца беше врвно постигнување. му посакуваме се најдобро во иднина и да ужива до крајот на сезоната.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ