Рикардо објасни зошто е подобро да се биде резерва во Ред Бул одошто да се трка

Даниел Рикардо откри дека ја одбрал подобрата опција со тоа што одбрал д биде трет возач на Ред Бул догодина наместо да “брка“ тркачко место во некоја друга екипа.

Австралијанецот е во напредна фаза од преговорите со екипата од Милтон Кинс за резерва и тест возач со склучување на договор согласно кој ќе треба да одработува многу маркетинг активности за екипата. Иако договор сеуште нема, се шпекулира дека тоа во моментов е само формалност.

Дани одбра да биде крај патеката следната година, иако Гунтер Стаинер од Хаас отворено го бараше да му се јави доколку сака да вози за екипата. Но, возачот по летната пауза, откако реши да не продолжи со Мекларен, одбрал да одработи како резерва година.

бев свесен дека ми треба одмор следната сезона, да одморам од тркањето и од конкуренцијата. последните неколку години беше многу тешко и мачно и јасно ми стана по летната пауза дека сакам да одморам и тоа сигурно ќе биде најдобро за мене.

го сфатив тоа и потоа почнав да размислувам што ќе биде најдобро за мене и колку повеќе размислував толку повеќе ми стана јасно дека сакам да сум во некоја врвна екипа. но, сеуште ништо не е официјално потврдено, не е готово, но во моментов тоа е најочигледната опција за мене – посочи рикардо

Австралијанецот смета дека фактот што ќе биде една година надвор од тркањето ќе му помогне да разбере дали е доволно мотивиран да продолжи во 2024 година. Запрашан што доколку дојде до средина на следната сезона и сфати дека нема желба да продолжи, тој одговори.

тоа ќе биде мојот одговор. мислам дека токму тоа е убавината во мојата одлука, или ќе се “напалам“ и ќе бидам гладен и повеќе мотивиран од било кога претходно, или ќе сфатам дека тркањето повеќе не е за мене. како и да е ќе бидам среќен.

колку.и да минвав низ подеми и падови во тркањето, среќен сум со мојот живот и привилегиран да имам добар живот. ако следната година повеќе не сум заинтересиран за тркање, ќе одберам да правам нешто друго што сигурно ќе биде кул.

Тој е во спортот од 2011 година и е свесен дека со најдолгиот календар во историјата следната година, а по две тешки сезони зад него, постоело ризик да не биде најдобро подготвен и соодветно мотивиран дококу се решел да бара место во друга екипа.

лани ми беше многу тешко, а оваа уште потешко. како што одминуваше времето сфаќав дека колку и да ја сакам формула 1, не сум на врвно ниво и немам свеж пристап и не сум соодветно мотивиран.

следната година ќе има дури 24 трки, ќе биде најтешка сезона споредено со било кога и ако променев екипа и дојдев во нов тим, сигурно немаше да бидам најдобрата верзија д себе.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ