Рикардо: Перез е доказ дека кариерата може да се промени

Даниел Рикардо смета дека пресвртот во кариерата на Серхио Перез е доказ дека во Формула 1 работите може многу брзо да се променат.

Австралијанецот по се изгледа дека ќе замине од Мекларен на крајот од оваа година со спогодбен раскин на договорот, откако “портокаловите“ не кријат дека сакаат кај себе да го земат младиот Оскар Пиастри. Тоа ќе значи крај на две тешки сезони за Дано во Вокинг каде и покрај тоа што на Монца лани им донесе прва победа по пауза од девет години, се мачи да го следи нивото на колегата Норис.

Мекалрен силно инвестираат за да се вратат на врвот во Формула 1 поредот, градат нов воздушен тунел и симулатор како и целосни подобрувања на фабриката.

кога имав 27 години си велев дека стареам и навистина стареам, но поискусен сум и знам повеќе за овој спорт и знам дека за некои работи треба време.

сите веруваме дека можеме да победиме, јасно е дека сите сакаме да победиме уште утре, но треба време. дури и сега кога зборуваме за новите болиди ос 2024 – 2025 година тешко е да се гледа толку однапред, но времето брзо ќе мине.

може да се научат работи од ситуацијата на перез, кога неговата кариера во формула 1 изгледаше готова, а сега победува и се бори за титули. во овој спорт работите може многу брзо да се променат.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ