Рикардо со своја проценка за казната на Ред Бул

По враќањето во Ред Бул како резерва за претстојната сезона, Даниел Рикардо даде свое мислење за казната која екипата ја доби поради претерано трошење во 2021 година.

Тој призна дека губењето на 10% од времето за тестирање во воздушниот тунел е сериозна казна, но очекува екипата добро да изменаџира со истата. 

не може да се крие дека казната ќе ни наштети затоа што кога се зборува за формула 1, најмалите детали се важни. сите бркаат ситници, сите бркаат милиметри, а 10% е многу, многу сериозно – свесен е австралијанецот.

Но, тој верува дека казната може да донесе дополнителна мотивација во тимот.

не дека не е ништо, дефинитивно е значително, но познавам многу луѓе од екипата кои се таму од времето кога јас се тркав за нив и знам дека ќе го искористат тоа како мотивација.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ