Саинз е сигурен дека и Верстапен може да погреши како Леклер

Карлос Саинз го бранеше својот колега Шарл Леклер по излетувањето во Франција и верува дека и Макс Верстапен може да го направи истото. 

Излетувањето на Леклер му ја донесе победата на Верстапен во Франција по што моначанецот беше лут на себе и ја прифати одговорноста сметајќи дека грешките се неприфатливи. 

Тоа е тежок свиок. Бевме брзи и доста силни како тим цел викенд. Мислам дека дававме се од себе и не остававме на случајност. Лудо е да се ризикува многу и да се направи таква грешка, Но Шарл направи сега, Макс може на наредната трка и тоа се случува – реален е саинз.

Карлос сепак имаше свој проблем, а тоа е грешката во стратегијата и тоа што предоцна го викнаа во бокс што го чинеше подиум. 

Имавме вообичаена дискусија околу стратегијата и одеднаш се борам за подиум, а тимот ме прашува дали можам до крај. Кажав дека е невозможно и бев во чист воздух. Потоа знаев дека менување ќе биде 32 секунди и на крајот ги следев инструкциите, но сакам објаснување зошто имало таква одлука. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ