Саинз искрен: Претекнувањето ќе биде потешко од очекуваното

Карлос Саинз призна дека ќе биде потешко за него да се пробива низ поредокот на неделното Француско Гранд При одошто тимот првично очекувал.

Во моментов тој има казна од 10 места на гридот поради тоа што во Петок доби нова контролна електроника, 4та за него годинава, но се очекува да добива уште компоненти. Ферари одбраа да отслужуваат казна со него на Пол Рикар затоа што на следната трка во Унгариај е многу потешко да се претекнува, а Карлос посочи дека брзина на правците е најдобар начин да се надомести на Ле Кастеле.

се обидов неколку пати за време на тренинг сесиите да претекнам болиди пред мене затоа што знам дека ќе треба да претекнувам на трка. морам да кажам дека е потешко одошто очекував, има ветер од позади на еден од правците кој го намалува слипстримот и користењето на дрс.

но, немам никаков друг избор, морам да најдам начин да претекнувам затоа што тоа е единствено решени за трката, да сум побрз од оние кои ќе бидат пред мене.

да видиме со какви модови од моторот ќе возад сите, ние мораме да најдеме брзина на правците за да претекнуваме и се надевам дека ќе успееме и ќе надоместуваме позиции – посочи саинз.

Запрашан да потврди дали ќе се прават уште замени во моторот што ќе го назади диполнително, тој одговори:

ќе видиме, веќе имам 10 позиции казна, што повеќе.

Тој беше најбрз во Петок и со тоа е охрабрен од формата на болидот.

дефинитивно имавме позитивен петок, извртевме многу кругови, дел летечки, дел со многу гориво и секогаш бевме многу конкурентени. тоа покажува дека чекорите кои ги превземаме се во вистинска насока, се фоксуираме повеќе на долгите серии затоа што тоа ќе ми треба на трка со оглед на казната која треба да ја отслужам. имаме работа на долгите серии, но охрабрен сум.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ