Саинз и Леклер се фокусираат кон менаџирање на гумите

Петочните сесии изгледаа како многу силен ден за Ферари на патеката Пол Рикар, а тимот заврши на врвот на двата слободни тренинзи пред Француското Гранд При.

Шарл Леклер беше најбрз во Т1 со време од 1:33.930, пред Макс Верстапен кој заостана за нешто помалку од една десетинка. Но, во попладневните часови, Скудерија ја зголеми брзината со Карлос Саинз кој излезе на врвот со време од 1:32.527 секунди со меки гуми, десетинка побрзо од Леклер и повеќе од половина секунда пред Верстапен.

И покрај тоа, колку и да изгледа оваа доминација ветувачка, возачите на Ферари се свесни дека Ред Бул уште еднаш се чини дека има мала предност кога станува збор за перформансите на тркачкото темпо благодарение на подобро зачувување на гумите.

Кон крајот на Т2, Леклер видно се бореше со деградација на гумите по само 11 круга на медиум компонентата, додека Верстапен можеше да го засили и одржи своето темпо.

Денес сесиите поминаа доста добро. Нашето темпо за квалификаци беше прилично добро, така што нашиот фокус сега ќе биде на нашето темпо за трката.

Управувањето со гумите ќе биде клучно бидејќи температурите се толку високи овој викенд. Уверен сум дека ќе бидеме подготвени до недела, бидејќи знаеме каде треба да се подобриме – вели Леклер.

Леклер инсистира на тоа дека има доволно темпо во Ферари за да се осигураат дека тие ќе се борат за победа во Недела, а Саинз имаше слично мислење.

Тоа беше позитивен ден. Се чини дека надградбите функционираат добро и болидот е добар, особено во брзите кругови.

Долгите серии беа малку потешки поради гранули на гумите. Сигурно, денешните високи температури беа важен фактор што треба да се земе предвид, но треба внимателно да погледнеме како можеме да ги заштитиме гумите колку што е можно повеќе.

И покрај тоа што беше најбрз во петокот, Саинз нема шанси да ја заземе пол-позицијата во саботата на квалификациската сесија, бидејќи веќе доби казна од десет места поради замена на неговата контролна електроника единица по пожарот во неговиот болид во Австрија.

Со оглед на тоа дека ќе имам казна во недела, сега треба да се фокусираме на подготовка на болидот за трката. Има простор за подобрување, па ќе продолжиме во иста насока.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ