Саинз разочаран од начинот на кој е прикажан Ферари во Drive To Survive

Карлос Саинз e малку разочаран од тоа како Нетфликс го прикажува Ферари во третата сезона од нивната серија Drive Тo Survive.

Сезоната на Ферари во 2020 година беше најлошата на тимот во долго, долго време, со тоа што тие го потрошија најголемиот дел од неа кон дното на средниот ред и на крајот завршија на шесто место во шампионатот за конструктори.

Исто така, се случи и годината кога Нетфликс најмногу ги следеше, со четвртата епизода од третата сезона од нивното шоу за италијанскиот тим и нивните борби. Саинз, кој реши да се приклучи во Маранело годинава и покрај ваквите борби, беше разочаран од тоа како Скудерија беа прикажани.

Епизодата во третата сезона за Ферари не е толку одлична и бев релативно разочаран кога ја гледав бидејќи Ферари е многу покул, многу поголем, многу подобар од тоа како изгледа во таа епизода.

Само поминувавме низ тежок период и мислам дека сите големи тимови во секој спорт минуваат низ тешки години. И сега сме на пат да се движиме напред.

Правиме се што можеме за да го направиме овој тим повторно одличен и повторно шампионски и мислам дека имаме навистина добра тимска атмосфера со Шарл и инженерите и ние сме сериозен кандидат за иднината.

мислам, тоа е Ферари – кој не го сака Ферари во нормалниот живот – посочи шпанецот.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ