Саинз: Тешко е, но резултатот е одлчен

Мекларен во Франција стигна до својот најдобар квалификациски резултат од Австриското Гранд При во 2016 година, но не се занесуваат многу со постигнатиот резултат.

Одлична квалификациска сесија им дозволи на Ландо Норис и Карлос Саинз да стигнат до топ 10, да го окупираат третиот стартен ред и да ја потврдат добрата форма на портокаловите болиди.

Карлос Саинз призна дека на неговата страна од гаражата на тимот од Вокинг и било потешко на Пол Рикар викендов.

целиот тркачки викенд е тежок за нас иако тоа не се гледа по резултатот. се обидував многу да еспериментирам вчера, а тоа ме фати неподготвен денеска. не бев целосно удобен во болидот, но успеав да го вратам чувството.

извозевме добри кругови на квалификациите, а да се стигне до 6то место пред нашите ривали и да се влезе во к3 со медиум гумите е одличен знак и ни дава голема шанса за трката. утре мораме да ја завршиме работата – објасни саинз.

Последен пат кога Мекларен имаше болид на 5то место на стартот беше во Австрија во 2016 година, а два болиди во првите 6 се огромна сатисфакција за екипата од Вокинг и нивниот напредок.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ