Саинз: Требаше да стартуваме зад безбедносно возило

Возачот на Ферари, Карлос Саинз, смета дека Јапонското Гранд При требало да почне зад безбедносно возило затоа што условите на патеката биле премногу опасни за старт од место.

По силниод дожд на Сузука, трката започна со вообичаен старт од гридот по што се случи извртувањето на Себастијан Фетел на првата кривина, а потоа и губењето на контрола од страна на Карлос Саинз на 12от свиок, по што Ферарито заврши во ограда. Трката беше 5та која шпанецот не ја заврши, а потоа ја критикуваше одлуката да се спроведе старт од гридот.

на такво екстремно време веројатно најдобро ќе беше да се тргне позади безбедносно возило и на тој начин да се избегнат опасни ситуации. ни кажаа дека ако стартуваме зад безбедносно возило, од движење, со сини гуми за дожд, тогаш ќе бидеме критикувани дека никогаш не се тркаме соодветно кога врне. но, кога ќе ја видиме ситуацијата, видливоста беше многу слаба и не беше можно да се вози формула 1 болид со 300 кмч во такви услови – се пожали саинз.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ