Саинз ужива во повторната соработка со Кеј

Карлос Саинз изјави дека ужива во обновената соработка со Џејмс Кеј во Мекларен потврдувајќи дека новиот технички директор на екипата од Вокинг прави фантастична работа.

Се смета дека влијанието на Кеј во трансформацијата на Торо Росо во еден од главните играчи во средината на поредокот е клучна, нешто што ги мотивираше Мекларе да го земат кај себе од Март, односно почетокот на тркачката сезона.

Шпанецот Саинз има искуство од работењето крај Џејмс од нивните заеднички години во Фаенца и е импресиониран од работата на британецот.

имав состанок со него во сингапур и разговаравме многу за следната година, но и за оваа. му кажав свое мислење во врска со сите болиди кои сум ги возел во мојата формула 1 кариеа, неговиот торо росо, рено и сегашниот мекларен.

искрено уживам да работам со џејмс и тој врши фантастична работа за тимот. јасно е дека времето ќе покаже, но јас сум убеден дека е одличен – смета саинз.

Јасно е дека Кеј неаше никакво влијание во овогодишниот болид на Мекларен, иако надгледуваше дел од неговиот развој, но Саинз гледа позитивна иднина во соработката со него.

тој знае што јас сакам, а јас многу добро го познавам. тој е лесен за соработка и искрен, рудољубив и вреден. многу е возбудливо кога ќе сретнете пријатели и поранешни колего во нова екипа и заедно имате ново искуство.

искусен возач вози за да му помогне на тимот колку што може повеќе, а тој е технички директор и се обидува да му помогне на тимот, така што заедно имаме убав предизвик.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ