Саинз: ФИА беше премногу блага кон Расел

Карлос Саинз смета дека стјуардите на ФИА биле премногу благи кон Џорџ Расел откако за контактот кој му ја уништи трката, британецот доби само 5 секунди по стартот на Американското Гранд При.

Џорџ имаше допир со Карлос на првата кривина по што Саинз се изврте, но заработи и дупнад ладилник од каде протекуваше течност, така што уште по првиот круг го повлече болидот во боксот на трка на која почна од пол позицијата. За тоа, младиот британец од Мерцедес доби казна од пет секунди која ја отслужи при првата промена, а настанот ги заврши на 5то место со неубедливи перформанси поради оштетено предно крило од сударот со Ферари.

Шпанецот верува дека Расел требало да добие поголема казна иако призна дека колегата бил фер што веднаш по крајот на трката дошол кај него да му се извини.

секако дека секогаш мора да се почитува возач кој веднаш по крајот на трката доаѓа веднаш да се извини и тоа јас многу го почитувам, но не значи дека сум  среќен затоа што мислам дека фиа беше премногу блага и млака со сето тоа што се случи затоа што јас загубив претерано многу – објасни саиз.

Запрашан дали можел да го избегне контактот, Карлос изјави:

јас не можев да направам ништо пинаку, бев во ек на борба со макс кој широко мина и јас морав да кочам на излезот од кривината. излегувавме од свиокот кога џорџ не ни беше во него и удри во мене што беше голема штета.

беше инцидент кој очекуваме повеќе да се случува на средина од поредокот каде има многу болиди, а не напред во топ 4, тоа не се случува често. поради тоа бев многу фрустриран по трката и јасно е дека го прифаќам извинувањето на џорџ затоа што тоа е одлично за него и многу зборува за него. но, јас не можев ништо поинаку.

америка беше еден од најтешките моменти за мене сезонава, разочаран сум многу затоа што по толку добар викенд тркта беше уништена во првиот круг и не по моја грешка. ми се случи неколку пати годинава слично, да не завршам не поради моја бина затоа што такво е тркањето, таков е моторспортот.

се чини дека годинава се што може да ми се случи, ми се случуваи се надевам дека годинава ќе завршам со малерите, а догодина ќе биде без мака.

Најзадоволен од трката крај Остин возачот е од фактот што покажал дека може да освои пол позиција без никаква помош и на сува патека

позитивен е фактот што покажав дека сум брз и дека можам да бидам силен и да стигнам до пол позиција во еднакви услови со сите.

фактот што успеав да се вратам во игра по тешкиот почеток на сезоната и успевам да постигнам врвни резултати со промена на возачкиот стил што го бараше мојот болид, со промена со сетирањето и одеднаш сум рамо до рамо со двајцата најбрзи на гридот.

да се победат тие за пол позиција ме прави смирен за целата ситуација, но знам дека ако некој удира во мене на прават кривина и продолжувам да не завршувам трки, нема воопшто да биде добро.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ