Саинз фрустриран од жолтите знамиња

Карлос Саинз не е среќен со квалификациите во Азербејџан откако неговиот брз круг кој требаше да го внесе во К3 беше уништен од жолто знаме развеано проади инцидент на друг болид на патеката.

Возачот на Мекларен ќе тргне од 11то место и ќе има слободен избор на гуми и не успеа да мине во последниот сегмент за нецели две стотинки поради тоа што мораше да го откаже својот круг за жолтото наме развеано поради грешката на Кевин Магнусен од Хаас.

Шпанецот смета дека имал ритам да му се приклучи на колегата Ландо Норис во топ 10, иако заврши на 11то место, а ќе тргне едно погоре поради казнаа на Антонио Џовинаци.

уште едни квалификации сум фрустриран и немам многу што да кажам. сесијата добро се одвиваше, имав добар круг и лесно можев од к2 да минам во к3.

болидот на хаас направи грешка пред мене, а тоа значеше жолти знамиња на втората кривина што го уништи мојот последен квалификациски обид. секако дека не се надевав вака да ја завршам сесијата.

далеку сум од среќен, но на трка ќе бидам попозитивен и целосно фокусиран. можам самиот да бирам гуми, а ќе тргнам од 10то наместо од 11то место, иако не сум задоволен со тоа – објасни саинз.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ