Себ откри како загубил од Макс

Себастијан Фетел им помогна на Астон Мартин да освојат двојни поени во Сингапур, но беше разочаран затоа што на крајот ја загуби борбата против Луис Хамилтон и против Макс Верстапен.

Гермаенцот има импресивен рекорд на Марина Беј и беше последен победник на трката во пресрет на овој настан, а и овој пат имаше силен старт од 13то место и се тркаше во поени во најголем дел од настанот. Кон крајот се бореше со Хамилтон и Верстапен за 7мо место, додека неговиот колега беше пред него.

Германецот призна дека позицијата зад колегата Строл влијаела на неговите гуми пред пролизгувањето да му дозволи на Верстапен да му ја украде позицијата.

макс и луис беа многу побрзи од мене, особено при крајот. секогаш бев многу блиску до ленс, но не доволно за дрс, а доволно за да губам грип и тоа ми ги уништуваше гумите и шансата да се бранам.

знаев дека ми треба силен излез од 5та кривина и поради тоа брзо влегував таму, но некако пролизгав додека излегував од свикот, а макс чисто мина, така што знаејќи ја нивната максимална брзина, ме остави на нечистата страна, подоцна кочеше и ме мина – опиша фетел.

Со 8то место на четирикратниот првак и 6то на Строл, Астон дојдоа до двоел пласман во топ 10, но Себ не е задоволен затоа што сметал дека можел и повеќе доколку подоцна влезел по мазни гуми.

можевме да искористиме од некои помали грешки како останатите, но мислам дека трката беше солидна. по малку сум разочаран затоа што можевме да промениме гуми некој круг подоцна затоа што беше рано за мазни гуми.

пјер загуби доста време со рана промени, но и ние, а потоа дојде и безбедносно возило и загубив позиција. на крајот е важно да донесам поени за тимот, иако штета што последниот круг загубив место.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ