Себ сака Маси да остане, но бара појасни правила

Себастијан Фетел се надева дека Директорот за трка во Формула 1, Мајкл Маси, ќе остане во спортот и во иднина и покрај нападите кон него, но потенцираше дека во спортот мора да има појасни правила по ланското недоразбирање на финалето од сезоната.

Иднината на австралијанецот во Формула 1 е под знак прашалник, во моментов ФИА спроведува темелна истрага за се што се случувало на последната трка, а резултатите треба да бидат објавени пред првата трка од сезоната. Федерацијата размислува за промени во структурата и начинот на раководење со спортот, а во преден план е поголема поддршка на директорот за трка.

треба да се фокусираме повеќе на спортот, а помалку на шоуто. јас бев во трка тогаш и се прашував зошто порано не бевме рестартувани со цел да се тркаме, но верувам во протоколите и правилата кои мора да се почитуваат.

главна работа во иднина е да имаме јасна претстава што ќе се случува во вакви ситуации и да нема прашање и нејасности во иднина – посака себ.

Во врска со балансот помеѓу спортот и шоуто, тој посочи дека не треба да има судир помеѓу тие две работи и се надева оти Мајкл Маси ќе остане на својата позиција.

не е лесно да се биде во позиција на мајкл, воопшто не е лесно, но мислам дека тој врши неверојатно добра работа особено да ја пополни празнината која зад себе ја остави ненадејната смрт на чарли вајтинг. тој навистина беше многу фокусиран и решен да заврши добра работа.

не знам за неговата иднина, но се надевам дека ќе остане затоа што глеадно во целина, заврши одлична работа. мислам дека имаше контроверзија околу последната трка која не требаше да ја има. но, големата слика вели дека тој е одличен – посочи фетел.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ