Фетел со пофалби за Алонсо и Астон Мартин

Германецот беше заменет со поранешниот ривал Алонсо по повлекувањето од Ф1.

Поранешниот светски шампион во Ф1, Себастијан Фетел, инсистира на тоа дека е среќен што може да биде сведок на подобрувањето на Астон Мартин оваа сезона и покрај тоа што го напушти проектот минатиот период.

Германецот се повлече од Формула 1 на крајот од својата втора сезона со тимот од Силверстон, откако пресвртот на средината на сезоната го пласираше тимот на седмото место во поредокот на конструкторите.

Но, сето тоа се промени оваа сезона, со замената на Фетел, Фернандо Алонсо, кој обезбеди шест подиуми на првите 12 трки во годината за да се пласира на третото место во шампионатот за возачи пред летната пауза.

Фетел се сметаше за клучен во развојот на тимот по ребрендирањето од Рејсинг Поинт во британскиот производител, при што сопственикот Лоренс Строл инвестираше многу во планот да се бори за светското првенство во средината на деценијата.

И покрај тоа што ја пропушти шансата да предизвика за подиуми со тимот, нема горчина за четирикратниот светски шампион, кој исто така е полн со пофалби за поранешниот тим Ред Бул среде нивната доминација над теренот.

Сè уште сум многу заинтересиран за Формула 1 – изјави Фетел.

Беше малку чудно на првата трка, но сега уживам да ја гледам. Го знам спортот одвнатре, сè уште го сакам.

Можеби на одредени работи гледам поинаку, но воопшто не сум тажен кога ги гледам моите поранешни колеги.

Првичната реакција на луѓето беше дека Астон Мартин е брз оваа сезона и мора нешто да предизвика во мене.

Ок, можеби ќе беше полесно ако болидот беше  слаб за да не пропуштам ништо, но најмногу сум среќен за тимот и среќен сум за Фернандо Алонсо.

Со години немаше болид во кој можеше да ги покаже своите квалитети. Сега може и веднаш е напред.

Ред Бул доминира и имам уште многу пријатели таму. Многу сум среќен кога ќе победат.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ