Себ се присетува кога Вебер го изненадил

Себастијан Фетел немаше добар и хармоничен однос со колегата Марк Вебер додека заедно возеа за Ред Бул и се присети на денот кога австралијанецот го изненади.

Германецот се присети на денот кога Вебер победил на Гранд При трка, стигнал до својот прв триумф и бил недостижен за него. По повлекувањето на Дејвид Култхард од Ф1 на крајот на 2008 година, него го замении Вебер кој беше промовиран од Торо Росо и Академијата на Ред Бул.

Себ и Марк се тркаа како колеги од 2009 до крајот на 2013 година по што Вебер замина во Порше програмата во ВЕЦ, а нивниот однос беше многу напнат на моменти. На Турското Гранд При во 2010 година имаа судар по кој Фетел се откажа, а подоцна тимот реши предното крило на Вебер да го стави на болидот на Себ на трката на Силверстон.

Бразилското Гранд При беше моментот кога Марк го притисна Себастијан до ограда на стартната рамнина што Себ не го заборави и врати на фамозното Малезиско Гранд При и познатото “Мулти 21“.

ние споделуваме многу информации со колегите и имаме знаење за се што се случува, но тешко е да се каже колку е добар нивниот болид и колку добро тие се адаптираат на него и на патеката.

не сакам да си давам заслуги за тоа што сум бил силен во тие победнички години, но имаше и трки на кои марк беше неверојатен беше невозможно да се победи. во нирбургринг во 2009 година кога тој прв пат победи, јас дадов се од себе, се обидов се, но не можев да го победам. на таа трка му кажав дека не знам што правел, но секоја чест.

тогаш беше пребрз, беше класа за мене, а на следната трка се обидов да се надоградам на нирбургринг и беше далеку подобро, можеби патеката не ми одговарала. не ми беше важно, но на него му помогна да сфати дека може да победува. беше убаво да почувствува дека болидот прави се што тој сака и се што тој очекува, а беше импресивно да се гледа – се присетува себ.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ