Сингапур била најтешка трка за Макс лани

Макс Верстапен стигна до рекордни 15 победи во 2022 година, но се пожали дека една трка му била многу потешка од останатите.

Холанѓанецот посочи дека Сингапурското Гранд При било најлош тркачки викенд во сезоната во која стигна до својот втор наслов. По второто место на Австриското Гранд При тој победи 9 пати на следните 11 трки, а Бразил и Сингапур беа двата настани на кои не победи поради проблеми. Ред Бул превземаа одговорност со сетирањето на Интерлагос, додека грешките кои возачот ги направи на ноќната трка го чинеа добар викенд.

најтешки ми беа монако и сингапур, но би ја одбрал сингапур како најтешка, ужасен викенд. се тргна наопаку од сетирањето на болидот во петок кога имавме премногу проблеми за болидот да биде добар.

на квалификациите напавивме и грешка со премалото количество гориво што ни ја отежни трката, но се случуваат и такви викенди – вели холанѓанецот.

Поради недоволно количество на гориво, тој беше приморан да се откаже од квалификациите на Марина Беј по што стартуваше од 8мо место на гридот. На трката имаше проблеми при рестартот и си ги уништи гумите.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ