Сингапур останува со три ДРС зони

Враќањето на Гранд При трката на Марина Беј повторно ќе се одржи со три ДРС зони како помош за повеќе претекнување за време на неделната трка.

Трката последен пат беше одржана во 2019 година, прва трка на која беше додадена и 3та ДРС зона на излезот од 13та кривина за да се помогне на возачите да се приближат во вториот сектор.

Останатите две зони се лоцирани 50 метри по 5такривина од патеката односно 45 метри по 23та и последна кривина, односно стартниот правец.

Марина Беј е втора најбавна патека во календарот по Мона, максималните брзини едвај се движат над 310 кмч, така што ДРС зоните се добредојдени.

На последните 12 изданија на трката во Сингапур се случувале просечно по 25 претекнувања. Зголемувањето на бројто на ДРС зони пред 3 години доведе до најдолем број претекнувања на трка односно дури 59, чисти контраст со трката во 2009 година кога се случија само три претекнувања.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ