Сингапур со четири кривини помалку за следната сезона

Патеката Марина Беј во Сингапур ќе има значителни промени во пресрет на следната Гранд При трка.

Четири кривини ќе бидат отстранети од патеката, така што бројот на свиоци ќе се намали од 23 на вкупно 19, односно повеќе нема да ги има кривините 16, 17, 18 и 19 како резултат на промени на Марината. Работите во градот треба да завршат до кратјо на 2026 година, но промените на самата патека ќе бидат имплементирани за следното издание на трката во 2023 година.

Со промените ќе се појави нов правец од 397,9 метри од 15та кривина до целосно новиот свиок број 16, така што целата патека ќе биде долга 4,928 километри, а поради тоа ќе се возат два кругови повеќе. Но, планот е за 2024 година патеката да се врати во оригиналната форма штом работите низ градот во тој дел од Марината бидат завршени.

Промотерите на трката открија дека симулациите правени со перформанси од Формула 1 болид од 2020 година покажуваат дека најбрзиот квалификациски круг ќе биде 1 минута и 27 секунди, а последниот квалификациски круг за пол позиција кој беше одработен со претходната генерација болиди во 2019 година, го постави Шарл Леклер од 1 минута и 36 секунди. Со таков скратен круг, се очекува трката да заврши за 90 минути.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ