Сингапур ќе биде вистински тест за Мерцедес

Мерцедес се надеваат на силен резултат на Марина Беј по макотрпната работа во фабриката над овогодинешниот пакет.

Актуелните конструкторски прваци се без победа прв пат од 2014 година и имаат само уште 6 шанси за триумф. Сингапур никогаш не била патека која им одговара на пакетот поради големата потисна сила која патеката ја бара, иако тие победија 4 пати на последните 6 Гранд При трки низ Марина Беј.

Тото Волф е оптимист за шансите на тимот за победа годинава, иако верува дека ќе им биде тешко по нерамниот асфалт.

од почетокот на годината имаме одличен напредок и се враќаме во форма. мораме да го задржиме моментумот и да вадме максимум од пакетот со кој располагаме во секоја можност.

некои делови од патеката подобро одговараат на нашиот болид од скорешните автодроми каде се тркавме, но нерамниот асфалт може да биде тежок за нас. ќе знаеме точно со првите тренинзи – посочи шефот волф.

Техничкито шеф Мајк Елиот претходно откри дека со напорната работа дошле до ситуација подобро да ги предвидуваат перформансите на својот непредвидлив пакет. Тој смета дека ќе покажат сличен ритам како во Будимпешта и Зандворт.

осврнувајќи се на тоа што го научивме во текот на сезоната, мислам дека сингапур ќе биде некаде помеѓу будимпешта и зандворт во однос на нашите перформанси. нерамната патека ќе биде голем предизвик, додека природата на кривните треба да ни одговара.

се надеваме на добра трка и силни поени, а во текот на тренинзите ќе собереме многу информации и се наеваме дека со темелна анализа ќе дојдеме до добар резултат.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ