Сите рекорди на Верстапен и Ред Бул

Макс Верстапен и Ред Бул оваа сезона поставија нови рекорди, тие се двојни прваци, Макс Верстапен ја освои својата втора последователна титула. 

Најмногу победи во една сезона – 15

Досегашниот рекорд го држеше Михаел Шуамхер победувајќи на 13 трки во 2004 година и тој беше повторен од Себастијан Фетел во 2013 година, но сега Вертгапен победи на 15 трки и постави нов рекорд. 

Најмногу поени во една сезона – 454

Овој рекорд беше на Шумахер со 148 поени на 18 трки во 2004 година, но со новиот бодовен систем рекордот го држеше Хамилтон со 413 поени на 21 трка. Сега новиот е на Верстапен 454 поени.

Најголема разлика во поени со која бил на второ место пред да стане шампион – 46

Макс Верстапен заостануваше со 46 поени зад Шарл Леклер на првите трки, но тој ја надмина таа разлика и направи огромна предност пред моначанецот на крајот на сезоната. Претходниот рекордер беше Фетел со 44 поени пред Алонсо. 

Најмногу победи од различен грид старт – 7 

Пред оваа сезона тој немаше победено надвор од топ 4 старт на гридот, но сега со казните кој ги добиваше поради промена на мотор, тој стигна до 7 победи од различни позиции на гридот. 

Најмногу победи надвор од пол позиција – 9

Ред Бул станаа непобедливо во недела додека Ферари победуваше во сабота на квалификациите. Ферари освои 12 пол позиции.

Најмнпогу завршници во топ 2 – 19

Со години Ред Бул имаше проблем со возачите кои не успеваа двајцата да завршат во топ 2, но сега тоа се случи и двајцата заедно се искачија на 19 подиуми. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ