Според Култхард, Макс е веќе легенда

Поранешниот возач на Ред Бул, а сегашен стручен коментатор и аналитичар, шкотланѓанецот Дејвид Култхард, смета дека актуелниот првак, Макс Верстапен, веќе е легенда на тркачката серија.

Верстапен е на пат до својата 2ра шампионска титула, 2ра во низа по 10та победа до која стигна на 15та трка сезонава и има 109 поени предност во шампионатот.

ако ја видите минатата година и начинот на кој стигна до насловот, тој е феномен, исклучителен возач, веќе легенда. од тој момент е на исто ниво како аиртон сена, михаел шумахер и луис хамилтон. многу е млад, иам само 24 години, но е исклучителен и искусен.

јас никогаш не сум бил како него, јас повеќе се потпирав на напорната работа, но макс е некој кој ја возбудува цела земја без разлика дали победува или губи, веќе е еден од најголемите – смета култхард.

Рекордот од најмногу победи во една сезона е 13 и во сопственот на Михаел Шумахер и Себастијан Фетел, а Макс е на добар пат да го сруши.

мислам дека може да го надмине тој рекорд – изјави 13-кратниот победник на трки.

ред бул има одлични брзина, а матиа биното е загрижен за се што се случува во ферари, така што макс може да победи 13 пати.

иако не му ни требаат победите за титула, ќе оди на секоја трка гладен за да стигне прв до карираното знаме.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ