Според Макс, одлуката да се отстрани Маси не е фер

Макс Верстапен не се согласува со одлуката да се отстрани Мајкл Маси од својата функција директор на трка по контроверзиите од Големата награда на Абу Даби минатата сезона.

Актуелниот првак откри дека го контактирал Маси по одлуката да биде заменет затоа што бил многу тажен што тој ќе замине од спортот. ФИА воведува реформи во однос на судењето на трките годинава, ќе има двајца директори на трка кои ќе ротираат, ќе добијат силна поддршка од Херби Блаш, поранешната десна рака на Чарли Вајтинг и ќе има Виртуелна контрола налик на фудбалскиот ВАР која ќе следи се.

мислам дека одлуката да се отстрани маси не е исправна затоа што сите секогаш даваат се од себе да завршат колку што може подобра работа и често треба помош во тоа. исто како и ние возачите, имаме цел тим зад себе кој ни помага. за мене тоа што му се случи на мајкл не е воопшто фер, буквално беше фрлен на улица.

сега откако го отстранија, донесоа одлука која за мене е неприфатлива и навистина ми е жал за него затоа што сметам дека беше многу способен и одличен директор за трка.

немам апсолутно ништо против новите директори за трка затоа што и тие се многу способни и докажани професионалци.

ми се допаѓаше маси и неговиот начин на работа, бев многу тажен кога чув и поради тоа му пратив смс порака – посочи верстапен,

Холаѓнецот смета дека одлуката не била во ред затоа што Мајкл Маси, кој го замени Чарли Вајтинг како директор на трка по неговата ненадејна смрт во 2019 година, бил оставен сам да ја контролира трката.

по смртта на чарли беше многу тешко да се превземе целата работа што тој ја правеше затоа што имаше многу големо искуство, но имаше и помош околу себе. можеби на мајкл му требаше повеќе време, на сите им треба повеќе искуство.

кога јас прв пат дојдов во спортот во мојата прва година ми беше тешко, сигурно и на мајкл му било така. поради тоа, толку брзо да се откажат по него е неправедна одлука според мене, но му посакувам се најдобро во било што што ќе прави следно.

Макс ја критикуваше и дозволата на тимските шефови да контактираат со контролата на трка во текот на самиот настан, нешто што во иднина нема да биде дозволено.

луѓето зборуваат за одлуките донесени во абу даби, но замислете судија во било кој спорт кога тренерот цело време му вриска во уво, невозможно е да се носи одлука и да се работи на тој начин.

формула 1 првично го дозволи тоа, тимските членови да разговараат со директорт на трка додека се носат одлуки, но тоа беше толку погрешно.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ