Според ФИА, радио пораките на Волф и Хорнер ниту биле неопходни, ниту помогнале во нешто

Во својот извештај од финалето на ланската сезона, ФИА откри дека радио комуникацијата на Кристијан Хорнер и Тото Волф со Директорот на трка, Мајкл Маси, отишла премногу далеку.

Како дел од деталната анализа за се што се случило за време на последните кругови од трката на Јас Марина, беше следена и комуникацијата на тимските шефови со контролата на трка.

Во 56от круг ФИА забележа разговор помеѓу Маси, шефот на Ред Бул, Кристијан Хорнер и спортскиот директор на тимот, Џонатан Витли, кој почна откако се доби пораката дека болидите кои заостануваат цел круг нема да може да се вратат во исти круг со водечките.

Хорнер: Кристијан до Мајкл

Маси: Повели Кристијан

Хорнер: Зошто не ги тргаме тие заостанати болиди?

Маси: Дај ми.. Затоа што Кристијан.. само дај ми момент… Да, моја главна грижа е овој голем инцидент да се расчисти

Хорнер: Ти треба само еден круг за тоа

Маси: Да

Витли: Јасно е дека овие заостанати болиди, треба да ги пропуштиш… веднаш за да фатат приклучок во задниот дел од гридот

Маси: Разбирам

Витли: Треба да ги пропуштиш…

Маси: Разбирам. Дај ми само секунда

Витли: …потоа ќе се тркаме

Маси: Разбирам

Следниот круг, кога на 5 заостанти болиди им било дадена дозвола да претекнат за да се расчистат од дуелот помеѓу Верстапен и Хамилтон, шефот на Мерцедес, Тото Волф, го исконтактирал Маси.

Волф: Мајкл… Мајкл, ова не е правилно. Мајкл, ова не е правилно. Ова е толку неправилно

Потоа безбедносното возило се вратило во гаражата и следувала уште една порака

Волф: Тој (Верстапен) претекна зад безбедносно возило

Извештајот на ФИА ги посочи овие два разговори дека имале влијание и направиле притисок кон МАси во клучните моменти кога се носеле одлуките и го одвлекле вниманието од неговата работа.

консензусот на оние кои беа вклучени во деталната анализа и појаснувањето на трката беше дека комуникацијата на ред бул и мерцедес со директорот на трка имале негативно влијание врз безгрешното раководење на трката последните кругови затоа што го одвлекоа вниманието кое требаше да е фокусирано на носење на правилни одлуки во тие тешки моменти

комуникацијата не беше неопходна, ниту пак реши нешто и го олесни носењето на одлуки и помогна до крајот.

консензус беше дека само се додал притисок кон директорот на трка во критично време кога требало да внимава на многу работи на патекта како болидите, развеаните знамиња, напредокот на маршалите во расчистувањето на патеката и бебедносното возило и поради тоа влијаеле, директно или индиректно на одлуката која директорот ја донесе.

иајќи го тоа на ум, консензус на вклучените во анализата е дека комнуникацијата на екипите и директорот на трка мора да се ограничи за да тој може безгрешно и без препреки да си ја врши својата работа – пишува во извештајот на фиа.

ФИА ги промени процедурите годинава, така што екипите повеќе немаат директна радио врска со директорот на трка. Секој нивни разговор ќе се прави преку друг човек во контролата на трка задолжен за тоа, кој потоа ќе ги посочи битните пораки до директорот.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ