Стаинер: Новиот мотор на Ферари е „бомба“

Шефот на Хаас, Гунтер Стаинер изјави дека според тоа што го слушнал од својот партнер Ферари, новиот мотор е „бомба“

Овогодинешниот мотор на Ферари е голем чекор напред и поранешниот шеф Биното смета дека тоа е најголем прогрес што е направен.

Гледаме големи бројки во однос на поставени цели. Не знаевме дека сме способни за толкав прогрес минатата сезона. Таков прогрес немало 25 години.

Биното сепак на крајот објасни дека имале проблеми со моторот во вториот дел од сезоната и морало да ја намалат силата за да добијат на издржливост.

Стаинер објави што му кажал Биното пред да си замине.

Во четвртокот се сретнав со Матиа и ми рече дека новиот мотор е бомба. На Емилија Ромања имаше многу подршак за Ферари. Доколку моторот е конкурентен тоа е добро за нас. Ние имавме две тешки години со пандемијата. Можевме да сме подобри. Но имаме година на раст. Имаме пол позиција и планови да растеме. Целта е да се бориме за поени и подиуми. Ќе видиме наредната година но се надевам дека повторно ќе ги победиме АлфаТаури.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ