Тажниот Тиктум смета дека Ред Бул загубиле верба во него

Поранешниот јуниор на Ред Бул, Дан Тиктум, призна дека не е среќен со околностите под кои заминал од развојната програма на екипата од Милтон Кинс. Во еден момент 20-годишникот се чинеше дека е фаворит и следен Формула 1 кандидат на доктор Хелмут Марко.

Титулата во Европската Формула 3 серија која Мик Шумахер ја освои во 2018 година го остави Тиктум без потребните поени на својата супер лиценца, што значеше место за докажување и втора шанса за Александер Албон, додека Дан замина во јапонскта Супер Формула тркачка серија каде возеше за екипа со мотори на Хонда.

Тиктум се мачеше во Јапонија и освои само поен на три трки, по што Ред Бул го повлекоа од серијата, а набрзо потоа и од својата програма за развој на млади возачи.

Во моментов тој има улоган а развоен возач во Вилијамс, но сеуште е лут за начинот на кој се разделиле со Ред Бул кои долго го поддржувале.

не чувствував дека губат верба во мене затоа што е тешко да се загуби верба во некој кој сте го ставил во формула 1 болидот, но се случи, завршено е и само треба да научам од тоа.

луѓето прашуваат дали сум уште лут што ме избркаа и вистина е дека сум, но добро е што повторно си најдов добра позиција – објасни тиктум.

Во врска со неуспешниот обид да се докаже во Супер Формула, тој смета дека не бил единствениот кој се мачел со новата шасија на Далара минатата сезона.

екипата имаше силно сетирање со болидот од претходната генерација, а на тестирањето во сузука не беше воопшто лошо, изгледавме добро и напредувавме.

потоа дојде новиот болид кој со претходното сетирање беше пребрз и нестабилен и многу, многу тежок за возење. сетирањето на новата шасија беше тешко и имаше многу мал простор за грешка. екипата користеше исти пристап и со новиот болид, но тоа не беше правилен потег.

благодрен сум што добив можност да возам за мјуген, тие беа актуелни прваци, но мислам дека не го постигнавме тоа што требаше на тестовите и немавме шанси потоа.

Неговиот лански колега, Томоки Ноџири најде форма, го научи болидот и стигна до 4то место кај возачите на крајот на минатата сезона со само 12 поени негатива зад Ник Касиди.

имаше многу шпекулации, екипата велеше дека треба да се прилагодам на јапонија и на тамошните патеки, но на крајот од денот имате паека и имате болид и треба да одработите. не е битно дали трката е во јапонија или на месечината.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ